18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајавата од Саудиска Арабија ги спушти цените на нафтата

Најавата од Саудиска Арабија ги спушти цените на нафтата

nafta666

Најавата на најголемиот светски производител на нафта Саудиска Арабија дека е подготвена дополнително да го зголеми производството, ги спушти цените на нафтата на крајот на неделата.

Барел сирова нафта поевтини на лондонската берза за 32 цента, на 64,79 долари, додека на американскиот пазар нафтата поевтини за 53 центи, на 60,24 американски долари.

Од Саудиска Арабија порачаа дека преговараат со индиските купувачи за испораки на дополнителни количества на сурова нафта, што значи дека овој водечки блискоисточен извозник би можел да надмине рекордни 10,3 милиони барели дневно колку што произведувале во мај.

Меѓународната агенција за енергија во четврток објави дека светската побарувачка за нафта оваа година ќе порасне повеќе од она што се очекуваше, поткрепено со економското закрепнување и релативно студената зима на северната хемисфера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП