7 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИм пречи ли на мажите женската кариера?

Им пречи ли на мажите женската кариера?

woman1

Мајките се борат со работата и со семејните обврски, но многу мажи сметаат дека жените би требало да бидат дома или да работат половина работно време.

Во една британска студија дури 78 проценти од мажите рекле дека би сакале нивните сопруги да останат дома и да ги чуваат децата или да најдат работа со пократко работно време.

Од тој број, 37 проценти од сопрузите сметаат дека нивните жени треба да бидат дома, а 41 процент сметаат дека сопругите треба да работат само половина работно време.

Истражувањето на „Pew Research Center“ покажало дека расте бројот на мајки и сопруги кои сакаат да работат со полно работно време, а паѓа бројот на жените кои сакаат да бидат домаќинки.

Од 2009 година, бројот на жените кои сакаат да работат со полно работно време се дуплирал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП