7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИ симпатизерите на електрични возила имаат свои собири (фото+видео)

И симпатизерите на електрични возила имаат свои собири (фото+видео)

e mobili 2

Познато е дека љубителите на одреден бренд или модел на автомобил имаат навика да организираат собири на кои се присутни возила од сите краеви на Европа.

Сопствениците на електрични автомобили по ова прашање воопшто не се разликуваат од љубителите на „бензинци“.

Во Германија беше одржана веројатно најтивката парада на возила, на која беа присутни околу 600 автомобили на електричен погон од цела Европа.

e mobili

Учеството на овој собир беше дозволено исклучиво на електрични модели, што значи немаше место за „мелези“, како „Plug-In“ хибридните возила.

Намерата на организаторот беше да постави рекорд по бројот на електрични возила присутни на едно место, а на крајот беа преброени точно 577 вакви автомобили.

Овој собир се одржа на стариот аеродром Темпелхоф во Берлин, а освен на улиците на овој град, автомобилите продефилираа и на патеката на која се организираат трки од електричната „Formula E“.

Покрај некои од најпопуларните електрични модели, како што се „Nissan Leaf“, „Tesla S“, „Renault Zoe“ или „Citroen C0“, на собирот имаше и ретки електромобили како што е „Mercedes SLS AMG E-Cell“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП