18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAsustek размислува за купување на HTC

Asustek размислува за купување на HTC

hts asus e3

Тајванската компанија „Asustek Computer“ најави дека не ја исклучува можноста за купување на производителот на смартфони „HTC Corp“, кој се бори со сериозни проблеми, пренесува „Ројтерс“.

Претседателот на „Asustek“, Џони Ших даде одговор на прашањата кои беа покренати во текот на генералното собрание на компанијата, која е една од најголемите производители на преносни компјутери и телефони во светот, открива за „Ројтерс“ главниот финансиски директор Дејвид Чанг.

„Нашиот претседател зборуваше за оваа тема на внатрешно собрание“, посочува Чанг.

„И сепак шансите за реално купување не се големи, бидејќи „Asustek“ е компанија која зависи од органскиот раст“, додава тој.

Цената на акциите на „HTC“ се намали за 20 отсто во понеделникот и вторникот, откако компанијата предвиде голема загуба за кварталот кој завршува во јуни. Тоа предизвика шпекулации дека компанијата може да биде купена од некого.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП