29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМинатата година најдобра во историјата на Порше

Минатата година најдобра во историјата на Порше

porsche-stuttgart-headquarters

Порше во текот на минатата година продаде 143.096 возила, што е за дури 22 проценти повеќе во однос на претходната година и претставува нов рекорд на овој производител на спортски модели.

Најголем раст забележа серијата на моделот 911, со дури 49 проценти на 26.203 автомобили.

Сепак легендарниот спортски модел не е и најпродавано возило за минатата година на овој германски производител, туку тоа е „Cayenne SUV“ кој оваа улога ја има веќе неколку години поред.

Според податоците на Порше, тие продале 77.822 „Cayenne“ во 2012-та година, што е раст од 30 проценти. Ова е најдобрата продажна година на популарниот модел, кој достигна половина од вкупната продажба на Порше.

Вториот најпродаван модел е „Panamera“ со 27.331 продадени возила, малку повеќе од 911. Најефтиниот модел, „Boxter“ е продаден во 10.126 примероци и тоа е поради тоа што новата генерација беше претставена во март минатата година. „Coupe“ верзијата на „Boxster Cayman“ е продаден во „само“ 1.614 примероци, но тој на пошироката јавност и беше понуден на крајот од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП