19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗимбабве ја укинува националната валута

Зимбабве ја укинува националната валута

_83589275_12_06_zimdollars

Зимбабве покрена процес за укинување на националната валута, соопшти Централната банка на оваа земја, по што во употреба ќе останат американскиот долар и јужноафриканскиот ранд.

Овие странски валути се во употреба во Зимбабве од 2009 година, а локалните долари не се користат, освен како сувенири.

Граѓаните до септември ќе можат да ја заменат домашната валута по курс од 175 квадрилиони долари од Зимбабве за пет американски долари.

Овој потег беше неопходен и долго очекуван, изјави Џон Мангуџа, гувернер на Централната банка, пренесува Блумберг.

Поради хиперинфлацијата цените во продавниците се менуваа по неколку пати на ден, а пазарите беа погодени од недостаток на стока.

Поради ваквата ситуација, власта уште од 2009 година се откажа од објавувањето на официјалните податоци за инфлацијата.

На крајот на 2008 година, годишната инфлација достигна 231 проценти, па пензиите, платите и инвестициите станаа безвредни. Повеќето училишта и болници се затворени, а најмалку осум од десет лица останале без работа,

Најголемата деноминација била на банкнотата од 100 трилиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП