26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија и Германија договорија 400 дополнителни дозволи за еуро 5

Македонија и Германија договорија 400 дополнителни дозволи за еуро 5

Image (71)

На состанокот на Македонско–германската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија, којшто се оддржа во Бон, парафиран беше протокол на кој е договорено за 2015 година да биде разменета дополнителна квота од 400 билатерални транзитни дозволи за возила со еуро 5 стандарди.

Договорена, исто така, е и прелиминарна квота на дозволи за превоз на стока за 2016 година, и тоа: две илјади билатерлано транзитни дозволи за возила со еуро 3 стандард; илјада билатерлано транзитни дозволи за возила со еуро 4 стандард; 4.700 билатерлано транзитни дозволи за возила со еуро 5 стандард; илјада билатерлано транзитни дозволи за возила со еуро 6 стандард; 150 дозволи за трети земји за возила со евро 4 стандард; 450 дозволи за трети земји за возила со евро 5 стандард; 50 дозволи за трети земји за возила со евро 6 стандард; 10 годишни дозволи за возила со евро 4 стандард; 50 годишни дозволи за возила со евро 5 стандард и пет годишни дозволи за возила со евро 6 стандард.

Договорената квота на дозволи за 2016 година е за 1.200 дозволи поголема од досегашната квота или за околу 18 отсто повеќе од годинашната.

Се проценува дека договорените квоти на дозволи во целост ќе ги задоволат потребите на македонските превозници кои вршат превоз на стока до и низ територијата на Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП