15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУченици од Темпи, Аризона, кај своите врсници во Скопје

Ученици од Темпи, Аризона, кај своите врсници во Скопје

Image (70)

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски во петок се сретна со средношколците од Град Темпи, Аризона, од Соединетите Американски Држави, коишто традиционално, секоја година доаѓаат на меѓународна училишна размена кај нивните врсници од Скопје.

Градоначалникот Трајановски на средношколците им посака подобредојде и убав престој во Скопје и Македонија.

„Скопје и Темпи имаат одлична соработка која датира од 1971 година, каде што во рамките на оваа соработка досега над 150 ученици од Скопје престојувале во Темпи и обратно. Покрај ученици, во овие размени учество имаат земено и студенти, уметници, спортисти, претставници на администрацијата, градоначалници… Се надевам дека за време на вашиот престој во Скопје ќе се стекнете со нови знаења и искуства, како и многу нови пријателства“, рече градоначалникот Трајановски.

Скопје и Темпи се збратимија пред 45 години, кога за прв пат еден американски град се збратими со град во Источна Европа. Минатата година на иницијатива на господинРичард Њухајзл, кој воедно е и почесен граѓанин на Скопје, се одржа Балканска конференција на збратимени градови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП