26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКостоло си заминува од Твитер

Костоло си заминува од Твитер

dik kostolo

Извршниот директор на „Твитер“, Дик Костоло ја напушти функцијата, пренесоа светските медиуми, откако ја цитираа пораката на компанијата.

Неговото место засега ќе го заземе коосновачот на социјалната мрежа Џек Дорси. Тој ќе ја преземе компанијата на 1-ви јули, но на оваа функција ќе биде привремено се додека не биде пронајдена замена на Костоло.

Дик Костоло, кој е на чело на компанијата од 2010-та година, беше под притисок од инвеститорите, незадоволни од растот на корисниците на „Твитер“, забележува „БиБиСи“.

Во специјалната изјава тој рече дека е „енормно горд со тимот на „Твитер““. По пораката за неговото заминување акциите на компанијата се зголемија за 8% во доцните часови на трговијата на берзата, објави „Ројтерс“.

Самиот Костело, го објави заминувањето со пост на „Твитер“.

Социјалната мрежа излезе на берзата во Њујорк во 2013-та година, оттогаш сепак бројот на нејзини корисници не се зголемуваа со темпото со кое акционерите очекуваат, а акциите на компанијата поевтинија за речиси 30%, а во моментов се тргува на нивоа под оние од дебито на берзата.

Месечниот раст на корисници на мрежата ќе е само 14,1% во оваа година, што е забавување за 30 проценти од пред две години, според податоците на „еMarketer“. Во 2014-та година, „Твитер“ привлече само 1% од дигиталните реклами, кој во светски рамки изнесува 145 милијарди долари, додека за споредба „Фејсбук“ има преземено 8% од нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП