3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалната побарувачка на нафта на максимум

Глобалната побарувачка на нафта на максимум

Oil Drilling Platform in the Santa Barbara CA Channel

Темпото на раст на глобалната побарувачка на нафта во првите три месеци од оваа година порасна на четиригодишен максимум, но мали се шансите дека тоа ниво ќе се одржи, се наведува во денес објавениот месечен извештај на Меѓународната агенција за енергетика (IEA).

За силниот раст на побарувачката, која во првиот квартал достигна ниво од 1,07 милиони барели дневно, придонесе економското закрепнување, поладната европска зима во однос на минатата година и ниските цени на нафтата кои ја поттикнаа потрошувачката, соопштија од IEA, пренесува агенцијата Франс прес.

Сепак, IEA се сомнева во опстанокот на овие три фактори во втората половина од годината, бидејќи цените на нафтата веќе започнаа да растат, што веројатно ќе ја пригуши побарувачката.

„По силниот раст на побарувачката во првата половина од оваа година, прогнозите се дека годишниот раст на побарувачката во втората половина од годината ќе забават во извесна мера и тоа на 1,2 милиони барели дневно“, се наведува во извештајот.

Сепак, за цела оваа година, IEA прогнозира скок на глобалната побарувачка на 94 милиони барели дневно, што е за 0,3 милиони барели дневно повеќе во однос на минатомесечните предвидувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП