4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВелика Британија продаде половина од пакетот акции во Кралските пошти

Велика Британија продаде половина од пакетот акции во Кралските пошти

kralski posti 335

Владата на Велика Британија продала половина од акциите во „Кралските пошти“ (Royal Mail). Со оваа постапка го намали својот удел во капиталот на компанијата од 30% на 15%. Продажната цена била 500 фунти за акција, пренесе „The Guardian“.

„Оваа продажба достигна 750 милиони фунти и претставува добра цена за даночните обврзници. Парите можат да се користат за намалување на надворешниот долг, на тој начин ќе обезбедиме економска безбедност на вработените луѓе“, изјави министерот за економија Саид Џавит, цитиран од „The ​​Guardian“.

Вработените на компанијата ќе добијат уште 1% од нејзиниот капитал кој е во вкупна вредност од околу 50 милиони фунти. Тие веќе добија 10% од капиталот, кога владата почна со приватизацијата на „Кралските пошти“ во 2013-та година.

Министерот за финансии, Џорџ Озборн, изјави во својот говор: „Сакаме да им помогнеме на „Кралските пошти“ да привлечат повеќе инвеститори и да ги користиме позајмените средства за да го вратиме националниот долг“, пишува „The Guardian“.

Минатиот месец „Кралските пошти“ објавија пораст во годишната добивка, а истакнаа дека намалувањето на трошоците и помогна на компанијата да се соочи со предизвиците на пазарот.

Компанијата најави 740 милиони фунти приспособен годишен оперативен профит пред трошоците за конверзија, што е за 6% повеќе од претходната година.

Приходите на компанијата за една година до крајот на март изнесуваа 9,4 милијарди фунти.

Волуменот на пратките во Велика Британија се зголеми за 3%, а приходите од нив се зголемени за 1%. Волуменот на испраќање писма е намален за 4%, а приходите од нив регистрираат пад од 1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП