26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвроинс Осигурување ќе ја зацврстува својата позиција на пазарот

Евроинс Осигурување ќе ја зацврстува својата позиција на пазарот

Ral

Менаџерскиот тим на Евроинс Осигурување доби засилување со новиот член, Г-ѓа Ралица Губерова, назначена на позицијата извршен директор, која ќе ја извршува заедно со постоечкиот извршен директор, Г-дин Јанко Николов. Со доаѓањето на Губерова во менаџерскиот тим, ќе се додаде нов квалитет, ќе се покаже поголема проактивност, како и зацврстување на позицијата на осигурителниот пазар во Македонија.

Менаџерскиот тим Губерова и Николов, ќе претендира кон внесување на нови стандарди во работењето, проширување на деловните потенцијали, како и зголемување на портфолиото на осигурителните производи и пакети на компанијата.

„Евроинс Осигурување е компанија што детерминирано оди напред во зацврстување на својата позиција на пазарот, модерна и динамична, која го држи чекорот во осигурителната дејност врз принципите на реалност, но и флексибилност кон условите на пазарот и потребите на своите клиенти. Со доаѓањето на Ралица во менаџерски тим отвораме нова страница во работењето на компанијата, а тоа значи поголема транспарентност, зголемување на понудата и адаптирање на  потребите на осигуреникот во Македонија“, изјави Г-дин Јанко Николов, извршен директор на Евроинс Осигурување.

 ralica

Г-ѓа Губерова е веќе 4 години во тимот на Евроинс Осигурување на позицијата финансиски директор. Претходно доаѓа од меѓународна компанија од доменот на даночниот консалтинг, финансиски услуги и ревизија. Ралица поседува и EMBA (Executive Master of Business Administration) диплома од Cortugli business школата во Хрватска.

Ral

„Досегашното искуство како и заедничките ставови и визии за развој на компанијатa, ќе придонесат за позитивен раст и ширење на активностите и квалитетната осигурителна понуда. Одиме чекор по чекор, а резултатите треба да бидат квалитетна осигурителна понуда, адаптирана за условите на пазарот. Евроинс, како дел од Еврохолд Групата, има сериозна парспектива, одличен тим и потенцијал, што ме уверува дека заеднички и со вложување на многу труд на пазарот на кој што секогаш на прво место е клиентот, полека но сигурно ќе ја заземеме позицијата на квалитетниот избор за осигурување на граѓаните и на бизнис секторот“, изјави Г-ѓа Ралица Губерова, извршен директор на Евроинс Осигурување.

Евроинс Осигурување е компанија со над 150 вработени и 43 експозитури во Скопје и сите останати градови во Македонија. Од 2008 година стана дел од Еврохолд Бугарија – водечка бугарска компанија со деловни активности претежно во југо-источна Европа, фокусирана во обезбедување на небанкарски финансиски услуги и управување со средства.

ralic

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП