7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа совршена става: Комбинација од мед и цимет

За совршена става: Комбинација од мед и цимет

Cinnamon-Honey-Remedy-Flower

Напитокот од цимет и мед ќе ви помогне да се ослободите од вишокот на килограми на здрав начин, бидејќи циметот го намалува нивото на шеќер во крвта, додека медот е одличен антиоксиданс и е вистински мелем за вашиот организам.

Ако сте се обиделе да „влезете“ во минатогодишниот костим за капење и сфативте дека сепак не ви стои како порано бидејќи малку сте се „поправиле“, не очајувајте. Напитокот од цимет и мед ќе ви помогне буквално со брзина на светлината да се ослободите од вишокот на килограми, и тоа на сосема здрав начин.

honey-cinnamon

Циметот (најдобро Цејлонски или Кинески) го намалува нивото на шеќер во крвта, кој доведува до зголемување на нивото на инсулин, а тој е одговорен за таложењето на масните клетки. Медот пак е одличен антиоксиданс и е вистински мелем за нашиот организам.

natural-acne-remedy-honey-cinnamon

Рецептот за подготовка на напитокот е сосема едноставен. Зовријте 2дл вода и додадете половина мала лажичка цимет, затворете го садот и оставете го да отстои половина час. Потоа додадете мала лажичка мед и промешајте. Поделете го напитокот на два еднакви дела, па првиот испијте го навечер пред спиење, а другиот оставете го во фрижидер да отстои преку ноќ и испијте го наутро, на празен желудник. Оваа комбинација може да ја практикувате неограничен временски период, бидејќи не остава никакви штетни последици, а оние кои што ја пробале велат дека ефектите се видливи веќе после првата недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП