28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМенаџерите не се раѓаат како лидери, лидерството се учи -заврши натпреварот во...

Менаџерите не се раѓаат како лидери, лидерството се учи -заврши натпреварот во бизнис студија на случај 2015

ra

Тимот на Адриатик група е победник на натпреварот во бизнис студија на случај 2015 во организација на ИЕДЦ Алумни клуб Македонија и ИЕДЦ Бледската Школа за менаџмент.

Наградата за победничкиот тим е учество на еден од изборните МБА курсеви во ИЕДЦ-Блед школа за менаџмент. Победниците ќе ги измерат силите против победничките тимови од другите држави во Глобалниот натпревар на ИЕДЦ за студии на случај (Хрватска, Словенија, Србија, Молдавија, Бугарија и Романија).

Наградата ја додели Н.Е. Бранко Раковец, Амбасадор на Република Словенија во Република Македонија кој им честита на победниците и ја поздрави оваа иницијатива на ИЕДЦ Алумни клубот Македонија. Амбасадорот Раковец истакна дека ИЕДЦ Бледската Школа за менаџмент важи за една од најдобрите и е успешен пример за повеќе децениско создавање на врвни менаџери од целиот регион.

Претседател на жирито за доделување на наградата беше Дани Спиро, реномирани професор и декан за образование на  Менаџмент институтот Jack Welch при универзитетот Strayer.

rb

Професорот Спиро по доделувањето на наградата истакна: „Импресиониран сум колку искрено сите го прифатија предизвикот и колку сите учесници беа полни со натпреварувачки дух. Тимовите сериозно го сфатија натпреварот и напорно работеа со цел да победат. И навистина работата на сите тимови беше одлична. Многу беше тешко за нас, како членови на жирито, да одбереме еден тим што ќе победи на крајот, затоа што презентациите беа многу добри, а разликите суптилни“.

На натпреварот учествуваа и тимови кои ги претставуваа компаниите ОНЕ, Кроација осигурување, НЛБ Тутунска банка, како и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

ra

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП