28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо сабота прво прскање против комарци годинава

Во сабота прво прскање против комарци годинава

prskanje1

Во сабота надлежните служби на Град Скопје ќе извршат авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на главниот град, првпат оваа година.

„Првиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2015 година, на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци ќе се реализира на 13.06.2015 година (сабота), во период од 7 до 11 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар“, соопштуваат од Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Пчеларите се предупредуваат навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП