19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако да се замине на работа во Германија?

Како да се замине на работа во Германија?

german-people3

Анкетите покажуваат дека повеќе од 80 проценти од младите луѓе oд ех-ју републиките без размислување би заминале во потрага за подобар живот на запад.

Да се добие шанса да се направи тоа не е лесно во Германија, иако оваа земја со години има дефицит од работна сила во одредени професии.

Како што е веќе познато жителите од овие простори немаат право да бараат работа на германскиот пазар на трудот, освен ако имаат признаена диплома и имаат конкретна компанија која ќе им нуди работно место.

Во овој случај, можете да добиете на т.н. “сина карта”, која им овозможува на германските компании доаѓање на стручни лица, но и работодавецот треба да им понуди на работниците плата од најмалку 46.400 евра годишно или 36.192 евра годишно во дефицитарни професии.

Во Германија во моментов има дефицит од лекари, машински и електро инжинери, како и информатичари. Само во овие индустрии има околку 120.000 слободни работни места.

Сепак, дури и во Германија, не тече мед и млеко, гастрбајтерксиот леб понекогаш има седум кори. Не се работи само за парите и заработувачката, туку и за потполно другите обичаи, начин на живот, култура, кои секогаш претставуваат проблем за луѓето од балканот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП