28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААбрамович купува банка во Србија

Абрамович купува банка во Србија

roman 333

Рускиот милијардер Роман Абрамович сака да ја купи банката од Крагуевац – „KBM“ за три милиони евра, пишува „Blic“, повикувајќи се на извори од банкарските кругови.

Сопственикот на оваа банка – „Нова кредитна банка“ од Марибор, преговарала со Абрамович за продажба на 89,53 oтсто од капиталот на „KBM“ банка.

Со рускиот олигарх, Словенците договориле цена од три милиони евра.

Според сознанијата на „Blic“, Aбрамович за купувањето на банка во Србија преговара преку својот лондонски инвестициски фонд „Милхаус Капитал“ кој е основан во 2001-ва година.

Од словенечката „Нова кредитна банка“ потврдиле за „Blic“ дека е во тек продажбата на нивната банка во Крагуевац и напоменале дека поради тоа неможат повеќе да коментираат додека трае постапката.

Од Народна банка на Србија засега немаат информации за купувањето на споменатата банка, пишува „Blic“.

За купувањето, т.е. за стенување на сопствеништво во „KBM“ банка а.д. Крагуевац, до „НБС “ официјално се нема обратено ниту една компанија – наведено е од „НБС “.

„KBM“ банка има 24 експозитури.

На крајот на 2013-та година, банката заземаше 0.5 проценти од пазарот во Србија и имаше вработено 366 луѓе. Тогаш годината ја заврши со загуба од 734 милиони динари.

„Нова кредитна банка“ од Марибор стана нејзин мнозински сопственик во 2010-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП