29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен нов Центар за лица со интелектуална попреченост

Отворен нов Центар за лица со интелектуална попреченост

nov-centar5656565

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, во среда во скопски Капиштец го отворија новиот Центар за лица со интелектуална попреченост на лица над 18 години.

„Водени од грижата за секој поединец и можноста да се обезбедат еднакви шанси за негов развој и напредок денеска заеднички ги отвораме вратите на новиот дневен центар за лица со интелектуална попреченост, во Капиштец. Центар кој треба да обезбеди дневно згрижување и престој, нега, исхрана, психосоцијална рехабилитација и реедукација, советодавна работа и услуги на организирано поминување на времето на лицата со попреченост во интелектуалниот развој“, рече градоначалникот Трајановски.

Во дневниот центар во кој ќе бидат опфатени лица со умерена и тешка интелектуална попреченост на возраст над 18 години, ќе се изведуваат програмски активности кои ќе се однесуваат на реализација на индивидуална програма за работа за секое лице, но ќе има и програма за групни активности, како и работа со родителите на корисниците.

„Сево ова ќе овозможи оспособување за самостојно живеење, социјализација и интеграција на лицата со интелектуална попреченост во локалната заедница, работно-окупациони активности, практични и социјални активности. Со отворањето на сервисна служба за поддршка на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства во локалната заедница, Град Скопје ги потврдува своите заложби за обезбедување подобри услови за лицата со посебни потреби и воедно се надоврзува на приоритетот на Министерството за труд и социјална политика за развивање на мрежата на дневни центри за лица со интелектуална попреченост“, истакна градоначалникот Трајановски.

Тој додаде и дека унапредувањето на мрежата на дневни центри претставува одлична форма на вонинституционална заштита и социјална сервисна служба преку која практично се дава поддршка на лицата со пречки во развојот.

„Ваквиот начин на згрижување на лица со интелектуална попреченост се покажал многу поуспешен и дава подобри резултати. Токму затоа е потребно да се поддржува работата на постојните и да се отвораат нови“, додаде скопскиот градоначалник.

Тој потенцираше дека Град Скопје и натаму ќе продолжи да ја дава својата финансиска поддршка за двата дневни центри, центарот во Аеродром (со 2.000.000 денари) и новиот во Капиштец (400.000 денари), преку обезбедување средства во Буџетот на Градот, на годишно ниво.

„Обезбедувањето на континуитет во работата на овие дневни центри овозможува социјализација и интеграција на лицата со интелектуална попреченост и претставува основен предуслов за разбивање и надминување на предрасудите и бариерите со кои тие се соочуваат. Сите ние заедно треба да работиме во насока на целосна и вистинска инклузија на лицата со посебни потреби и подигање на свеста кај институциите, но и кај граѓаните за потребата од прифаќање и поддршка на лицата со посебни потреби во сите сфери на општественото живеење“, нагласи Трајановски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП