27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел за Грција: ‘Сé може кога се сака, но важен е секој...

Меркел за Грција: ‘Сé може кога се сака, но важен е секој ден’

merkel-ciprasssss

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави во средата во Брисел дека е можно решавање на тешките преговори за грчката должничка криза, но истакна и дека важен е секој ден.

Сé може да се постигне кога се сака, но важен е секој ден, рече германската канцеларка Ангела Меркел пред започнувањето на самитот на челниците на Европска унија и земјите од Латинска Америка и Карибите, потсетувајќи дека целта е „да се задржи Грција во еврозоната“.

Во моментите кога Европската комисија го заостри тонот незадоволна од последните предлози за реформи кои владата на Грција ги приложи во вторникот претпладнето, Меркел изјави дека е подготвена да се сретне „на маргините на самитот со грчкиот премиер Алексис Ципрас и со францускиот претседател Франсоа Оланд“. Претходно агенциите ги пренесуваа изјавите на европски извори дека одржувањето на ваков состанок е неизвесно.

Доколку грчкиот премиер „сака со нас да разговара, секако дека ќе разговараме“, рече Меркел, потсетувајќи дека преговорите за грчкиот долг „треба да продолжат со трите институции“, односно Европската унија, Европската централна бана и Меѓународниот монетарен фонд.

„Јас секогаш велам дека сé се може кога се сака. Меѓутоа, работата треба да се заврши со трите институции, а важен ни е секој ден“, заклучи Меркел.

Францускиот претседател Оланд веднаш по пристигнувањето во Брисел во средата потсети дека во преговорите треба да се тргне што поскоро, како и дека договорот меѓу доверителите и Грција треба да биде постигнат што е можно побрзо.

„Имаме само една порака: сега треба да се дејствува брзо, да не се одолговлекува и да не се размислува за решенијата коишто за Грција, еврозоната и Европската унија ќе бидат лоши“, порака францускиот претседател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП