20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаврши реконструкцијата на машката бања Кежовица

Заврши реконструкцијата на машката бања Кежовица

kezovica1

Заврши реконструкцијата на машката бања Кежовица во Штип.

„За само 42 дена, успеавме да ја обновиме машката бања и при тоа да вложиме минимални средства. Ниската цена беше постигната и пред се заради аукцијата при што имаше пад на цените при наддавањето. Сега се нудат комплетни услови за капење во машкиот дел а Кежовица може да се каже дека заличи на европска бања – изјави директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев.

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев изјави дека е задоволен од она што е направено и дека новото раководство покажува знаење и умешност во работењето.

„И покрај сите опструкции, ние работиме брзо, квалитетно и ефтино. Морам да им се заблагодарам на одговорните во ЈП „Исар“, на раководството за вложениот труд и ангажман. Ова што го гледам е вистински успех. Град како Штип, кој има благодет да користи термални води а при тоа да има такви лоши капацитети, беше нешто што е непоимливо. Со обновата, сега имаме модерна бања. Дополнително, општината ќе распише конкурс со кој локацијата кај градскиот базен ќе ја даде на приватен инвеститор за конструкција на аква центар, со хотел и други елементи а ќе се потрудиме да поставиме цевковод со кој термалната вода од Кежовица ќе ја донесеме до овој дел. Наша обврска е во јули да го обновиме патот до бањата кој е многу уништен и со тоа ќе биде заокружена обновата на Кежовица“, рече Захариев.
Претходно ЈП „Исар“ ги обнови просториите за престој на гостите со инвестиција во пвц столарија, поставување на ламинат и други елементи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП