ПочетнаЕКОНОМИЈАВо јануари намален прометот во трговијата на мало

Во јануари намален прометот во трговијата на мало

 trgovina

Во трговијата на мало во јануари годинава, во споредба со истиот месец лани,  е евидентирано намалување на прометот во  групите трговија на мало со храна, пијалаци и тутун  (номинално за 7,5 проценти, а реално за 10,6 проценти) и трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 3,2 проценти, а реално за 7,1 проценти).

Според податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во јануари годинава во споредба со јануари минатата година, пораст на прометот е забележан во групите трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво и трговија на мало со автомобилски горива.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП