4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеизвесна средбата на Меркел и Оланд со Ципрас

Неизвесна средбата на Меркел и Оланд со Ципрас

merkel-hollande-and-tsipras-meet-in-riga.w_l

Средбата меѓу челниците на Германија, Франција и Грција планирана за денес е доведена во прашање, бидејќи грчките предлози за реформите коишто би требало на Атина да ѝ овозможат финансиска помош и да го избегне банкрот, не ги исполните очекувањето, изјавија функционери на Европската унија.

Германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и грчкиот премиер Алексис Ципрас требаа да се сретнат на маргините на самитот Европска унија – Латинска Америка во Брисел, за да постигнат политички договор за техничките предлози коишто Грција претходно ги изложи. Договорот за реформите, на Грција треба да и овозможи ослободување на последната транша од 7,2 милијарди евра од претходниот пакет меѓународна финансиска помош за да ги исплати до крајот на јуни ратите од кредитот кон ММФ, како и да добие нов помош, што би ја спасило од банкрот и евентуално излегување од еврозоната.

Меѓутоа, во вторникот навечер во Брисел одредени европски функционери навестија дека средбата може и да не се одржи, имајќи предвид дека новите предлози коишто Атина им ги предложи на институциите коишто ги застапуваат нејзините доверители, ги сметаат недоволни и не се закажани нови разговори со грчките претставници.

„Доколку нема напредок, нема состанок. Германија и Франција засега не гледаат смисла да се одржи состанокот“, рекол за Reuters неименуван европски функционер.

Грција во вторникот им ги предаде на меѓународните доверители новите предлог реформи, но во нив не наведе како мисли да дојде до фискалните цели, додава соговорникот на агенцијата.

Доколку и се одржат разговорите во средата, доверителите велат дека сега е невозможно да го исплатата остатокот од сумата за Грција без формално продолжување на рокот кој истекува на 30-ти јуни.

Европската комисија уште во вторникот навечер, кога разговорите меѓу Ципрас и европските челници не беа доведени во прашање, оцени дека „договорот може да биде постигнат следните денови“.
„Можно е да се постигне договор следните денови. Меѓутоа, во прв ред, потребна е политичка волја на грчките власти, значи помалку тактики и маневри, а повеќе работа на битното“, изјави заменикот претседател на Европската комисија, Валдис Домбровскиск на прес-конференцијата во Европскиот парламент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП