6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаправете чудотворен еликсир: Го подобрува имунитетот, ги зајакнува мускулите и го забрзува...

Направете чудотворен еликсир: Го подобрува имунитетот, ги зајакнува мускулите и го забрзува метаболизмот

2010_11140001b1

Кваркот е вид на немасно крем сирење или густ јогурт кој потекнува од Германија и Австрија. Покрај тоа што е нискокалоричен, тој е и исклучително здрав, го подобрува имунитетот, го забрзува метаболизмот и помага во изградбата на мускулите.

Може да го комбинирате на различни начини, со вода, мед, ореви, житарки, чоколадо или пак како додаток на освежителните десерти.

Овој фантастичен извор на протеини содржи и висок процент на калциум поради што е добар и за коските. Исто така, тој е богат и со витаминот Б, што го чини да биде и совршена потпора за нервниот систем.

Ако сакате да направите домашен кварк, ќе ви бидат потребни следниве состојки:

– 2 шолји полномасно млеко
– ½ шолја матеница

Најпрво направете ја матеницата и тоа така што во една шолја млеко ќе додадете една лажица лимонов сок. После десетина минути на собна температура млекото ќе започне да се згрутчува и вашата матеница ќе биде подготвена за употреба.
Потоа во тенџере загрејте две шолји полномасно млеко, а потоа тргнете го од оган и оставете го млекото да се излади. Потоа во млеко измешајте ја матеницата. Добиената смеса префрлете ја во сад и оставете ја на собна температура околу 24 часа.

Ќе добиете смеса која потсетува на јогурт. Префрлете ја таквата смеса преку газата која сте ја ставиле врз тенџере или чинија, а потоа оставете ја смесата да преноќи во фрижидер.

Потоа добиениот кварк можете да го консумирате и да го чувате во фрижидер наредните четири дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП