4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмЧам Македонија- „Соработка помеѓу странските инвеститори и локалните снабдувачи во Р. Македонија“

АмЧам Македонија- „Соработка помеѓу странските инвеститори и локалните снабдувачи во Р. Македонија“

aag

Американската стопанска комора во Македонија, втора година по ред, одржа информативна сесија на тема „Соработка помеѓу странските инвеститори и локалните снабдувачи во Р. Македонија“, на која три компании членки меѓу другото информираа за своето работење, палетата на нивни производи и пазарите на кои тие ги пласираат.

Овој пат, поканивме претставници на Арцелормитал Скопје, Вабтек МЗТ Скопје и Фенииндустри да им ги презентираат можностите за соработка на локалните снабдувачи, но воедно да ги појаснат и воспоставените клучни процедури и стандарди при процесот на набавка. Во своите излагања, тие се осврнаа и на предизвиците и бариерите со кои се соочуваат при соработката со локалните снабдувачи. Создавањето на база од локални снабдувачи, кои можат да ги исполнат барањата на странските компании кои функционираат во земјата и кои исполнуваат меѓународни стандарди, е еден од факторите кои влијаат на одлуката дали една странска компанија ќе инвестира во одредена земја, како и нивната конкурентност на таа локација.  Колку е поголема соработката, толку ќе биде поголемо влијанието на инвестицијата врз подобрувањето на економијата, унапредувањето на стандардите и зголемувањето на конкурентноста на локалните снабдувачи.

aab

Професионалците за набавки од трите компании најпрво нагласија дека веќе имаат остварено взаемно корисна соработка со стотици локални снабдувачи. Понатака тие ги наведоа добрата и услугите кои нивните компаниите моментално ги набавуваат локално, но и оние кои би сакале да можат да ги набават локално по глобално конкурента цена, квалитет и период на испорака.

Презентерите исто така посочија, дека досега недостатокот на меѓународни стандарди за квалитет и заштита при работа, како и нетранспарентното работење и непочитувањето на строго одредени процедури се главните предизвици и бариери со кои се соочуваат при соработката со локалните снабдувачи. Одржувањето на континуирано еднаков квалитет на испораките/изведбите и конзистентност и одржливост на пазарот на локални снабдувачи се дел од предизвиците со кои тие се соочуваат.

Сите презентери нагласија дека исполнувањето на превземените обврски претставува силна референца која овозможува квалификација на овие компании во нивните локални организации што значи можност за продажба и во другите компании од истата групација низ светот. Досега имале неколку вакви успешни приказни.

aac

aad

aag

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП