27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСобранието ги изгласа измените на законот со кои се овозможува откуп на...

Собранието ги изгласа измените на законот со кои се овозможува откуп на стаж

sobranie

Собранието на Република Македонија во вторник ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кои се овозможува откуп на стаж.

Според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, со измените на овој закон се отвора можност лицето што било во работен однос, но не му бил платен придонес за пензиско и инвалидско осигурување за период до 31 декември 2008 година, да си ги плати придонесите и да оствари право на пензија.

„Ќе им помогнеме на голем број граѓани кои најчесто во периодот на транзицијата, или поради затворање на компаниите поради стечај и ликвидација, не само што го изгубија работното место, туку и не им беа платени дел од придонеите за пензиско и инвалидско осигурување за периодот во којшто работеле“, рече Спасов, потенцирајќи дека има огромен број лица кои се соочуваат со ваков проблем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП