17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин го потпиша законот за легализација на капиталот од офшор зоните

Путин го потпиша законот за легализација на капиталот од офшор зоните

Image (63)

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот кој им овозможува на руските граѓани кои имаат имот и сметки во странство, да можат доброволно да ги пријават и легализираат во Русија без проверка од страна на даночните и законодавните органи.

Документот е објавен на официјалниот портал за правни информации, пренесува Тасс и потсетува дека законот го изгласа државната Дума на 22 мај, а го одобри Советот на Федерацијата на 3 јуни.

Законот создава правна рамка во Русија да се спроведе доброволно пријавување на имотот и банкарските сметки во странство. Со овој законски акт се опфатени недвижниот имот, хартиите од вредност, акциите во организациите што ги контролираат странски компании.

Оние што доброволно ќе го пријават имотот ќе бидат ослободени од кривична, административна и даночна одговорност за постапките пред 1 јануари 2015 година и само за имотот наведен во пријавата.

За легализација на имотот од 1 јули до 31 декември 2015 година ќе мора да се поднесе посебна декларација на која ќе се примени режим на даночна тајна.

Во декември минатата година Путин понуди целосна амнестија за офшор капиталот при неговото враќање во Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП