
Новите предлози за реформи кои Грција им ги предаде на доверителите се „недоволни“ за успешното спроведување на преговори, соопштиле претставници на ЕУ за Reuters.


Новите предлози за реформи кои Грција им ги предаде на доверителите се „недоволни“ за успешното спроведување на преговори, соопштиле претставници на ЕУ за Reuters.
„Она што ни беше дадено е недоволно за напредок во преговарачкиот процес“, рекол еден од изворите. Друг извор, пак, посочил дека предлозите се неприфатливи за земјите-членки на ЕУ.
Во средата беше објавено дека Грција пред доверителите од ЕУ и ММФ претставила нов план за реформи. Еден од клучните предлози е идејата претставена од грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, а се однесува на тоа долговите на Атина да се префрлат од Европската централна банка на Европскиот механизам за стабилност.