6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД и додели опрема на Царинската управа вредна 145 илјади долари

САД и додели опрема на Царинската управа вредна 145 илјади долари

donacija oprema sad

Амбасадата на САД во Македонија денеска врачи донација на опрема наменета за спречување на незаконско тргување со стоки на Царинската управа и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Опремата која денеска и беше донирана на Царинската управа се состои од рачен рентген скенер од најнова генерација, вреден 50 илјади долари, потоа фиберскопи, бастери, детектори за радијација.

На свеченоста по повод примопредавањето, која се одржа на граничниот премин Блаце присуствуваа директорката на Царинската управа, Наташа Радеска Крстевска, помошник директорот на Секторот за гранични работи и миграции, Маринко Кочовски и Заменик шефот на мисијата на САД, Бартон Путни и други претставници на Царинската управа, МВР и амбасадата на САД.

Директорката Радеска Крстевска изрази благодарност до Владата на Соединетите Американски Држави за одличната соработка и за силната поддршка која САД ја даваат на Македонија за нејзин развој, за реформите што државата ги прави за унапредување на можностите во сите општествени сфери и посветеноста за унапредување на стандардите и исполнување на државните стратешки цели.

Таа додаде дека инвестициите во софистицирана и модерна опрема се од примарно значење како за засилување на оперативните и институционалните капацитети на царинската служба и достигнување повисоко ниво на квалитет и ефикаснo работење во спречување и откривање на недозволената трговија со стока, така и за унапредување на истражните и разузнавачките делувања и поуспешно спроведување на законите.

Во изминативе десетина години преку Програмата EXBS, Aмбасадата на САД на Царинската управа и има обезбедено оперативна опрема вредна 1,8 милиони долари, како и обуки што претставуваат поддршка за севкупното царинско работење, поддршка во исполнувањето на обврските и залагањата за заштита на општеството и олесување на меѓународната трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП