18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБилдербершката група во Австрија дебатира за светските кризи

Билдербершката група во Австрија дебатира за светските кризи

Image (62)

Потенцијално долгорочните последици од актуелните ситуации во Грција, Велика Британија, Иран и Русија, како и светските економски трендови ќе бидат главните теми на состанокот на моќната и влијателна Билдербершка група на тридневниот состанок кој во четвртокот ќе започне во австриските Алпи, нагаѓаат медиумите.

Околу 140 светски моќници, политичари, научници и бизнисмени, ќе се соберат на тридневните дебати, како и секогаш досега, зад затворени врати во изолираниот луксузен хотел во близина на тиролското одморалиште Зифелд.

Меѓу учесниците се британскиот министер за финансии Џорџ Озборн, чијашто влада ќе им овозможи на своите граѓани да се изјаснат дали сакаат да останат во Европската унија, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, шефот на Еврогрупата, Јероен Дијселблом, германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен и поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер. Присутни ќе бидат и австрискиот претседател Хајнц Фишер, како и белгискиот и холандскиот премиер, Шарл Мишел и Мар Руте. На состанокот се очекуваат и водечките луѓе на „Deutsche Banke“, на нафтената компанија BP, француската осигурителна куќа „Axe“ и американската „BlackRock“.

Наречена според холандскиот хотел во кој е основана во 1954 година, наводно за да ги зајакне врските меѓу Европа, оваа група се состанува барем еднаш годишно и расправа за глобалните теми. На учесниците им е дозволено јавно да зборуваат за состаноците, но не и за содржината, поради што оваа група е перципирана како тајна организација на моќ.

Минатата година влијателната група Билдерберг ја одбележа 60-годишнина од основањето во данската престолнина Копенхаген, кога околу 240 финансиски, политички и деловни моќници се собраа во хотелот „Marriot“. Во 2014 година првпат беше објавен неформален дневен ред, па учесниците разговараа за кризата во Украина, Кина заздравувањето на глобалната економија, приватноста и размената на разузнавачки информации.

На пример, кога во 2009 година оваа група „Светска влада во сенка” се собраа во атинското предградие Вуљагамени под силни мерки на обезбедување, во јавноста протекоа информации дека на дневен ред била дилемата на светската бизнис и политичка елита по прашањето дали брзо да се потоне економијата и да се замени со нов светски поредок или да се остави во долга агонизирачка депресија, но секако тоа никогаш не беше потврдено.

Билдерберг групата се состанува од 1954-та секоја година но во тајност. Познато е дека состаноците траат три дена од осум наутро до осум часот навечер, со мала пауза за ручек. Говорниците имаат пет минути да го изнесат својот став, а за реплики се издвоени две минути.

Групата има 30 до 35 постојани членови, кои ги покануваат другите влијателни учесници. Од годишните конференции не се објавува ништо, иако на нив учествуваат главни уредници на најпознатите светски медиуми, а никој со сигурност не ги знае ниту членовите. Мистериозноста на оваа група и влијанието на челните луѓе во политиката, бизнисот, банкарството… ги подгрева теориите на заговор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП