5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром: Европа наскоро ќе разговара со Русија, и не само за Турскиот...

Газпром: Европа наскоро ќе разговара со Русија, и не само за Турскиот тек

Image (61)

Европа наскоро ќе мора да разговара со Русија, не само за изградбата на гасоводот „Турски тек“, туку и за дополнителни капацитети, изјави во понеделникот заменик претседателот на рускиот енергетски гигант „Газпром“, Александар Медведев.

„Веруваме дека здравиот разум ќе надвладее во Европа, а ние ќе зборуваме не само за дистрибуцијата на гасот испорачан преку проектот ‘Турски тек’ за Европејците…, туку наскоро ќе дојде времето да се зборува и за дополнителни капацитети“, изјави Медведев на конференцијата „Извозот и зајакнување на испораките на гас во Европа“.

Заменик претседателот на бордот на „Газпром“ притоа истакна дека сите комерцијални услови со турските партнери, вклучително и со компанијата „Botas“, за испорака на рускиот природен гас на Турција. „Сé е усогласено, сите комерцијални и економски услови. Нема никаква причина за шпекулации“, рече Медведев.

На почетокот од мај, првиот човек на руски „Газпром“, Алексеј Милер, изјави дека неговата компанија и турската „Botas“ постигнале прелиминарен договор за попусти за рускиот гас, и оти тоа наскоро ќе биде формализирано. Милер не ги прецизираше попустите што „Газпром“ ѝ ги даде на турската страна.

Двете компании на 1-ви декември 2014 година потпишаа меморандум за разбирање за изградба на гасовод со капацитет од 63 милијади кубни метри гас годишно испорачан од Русија во Турција преку Црното Море. Гасоводот во должина од 1.100 километри ќе го носи гасот до турско-грчката граница во обем до 47 милијарди кубни метри гас на годишно ниво.

Планирано е Москва и Анкара да го потпишат меѓувладиниот договор за новиот гасовод во текот на вториот квартал годинава, а првите испораки да започнат веќе во декември наредната 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП