26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се одбележи Светскиот ден на водата – 22 март

Ќе се одбележи Светскиот ден на водата – 22 март

den-voda

Институтот за јавно здравје, по четврти пат, ќе го одбележи Светскиот ден на водата. Под слоганот „Соработувај за безбедна вода“, главната манифестација ќе се одржи на 17 март 2013 година во Паркот на езерата, општина Аеродром.

На настанот ќе се претстават производители на вода за кои Институтот за јавно здравје гарантира дека таа вода е безбедна за конзумирање и дека производители редовно вршат контрола на водата.

На манифестацијата ќе говорат директорот на Институтот за јавно здравје, асс. д-р Шабан Мемети, градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Конески и генералниот секретар на УНЕСКО во Македонија, Лидија Топузовска.  Манифестацијата ќе биде збогатена со настап на деца од основните училишта во општина Аеродром, кои ќе се престават со проза и поезија на тема „Соработувај за безбедна вода“, со уметнички цртежи, а програмата ќе ја збогатат неколку наши музички имиња и жонглери.

 

den-na-vodata

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП