7 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМултитаскинг: Извршување повеќе задачи одеднаш

Мултитаскинг: Извршување повеќе задачи одеднаш

multitasking

Пристигнавте на своето рабoтно место, влегувате во канцеларијата и седнувате на бирото. На бирото еден куп документи, а обврските само пристигнуваат. На компјутерот имате отворено милион табови, а вие прескокнувате од еден на друг, па повторно се враќате на оној милион документи на бирото и така се во круг…

Се поголемиот обем на работа кој ја услови потребата да бидеме побрзи и поефикасни не принудува да работиме повеќе работи одеднаш. Решавањето на повеќе работи одеднаш (мултитаскинг) создава чувство на продуктивност. Во одредена смисла тоа може да биде случај, кога ќе успееме да решиме неколку рутински задачи, но притоа да не му наштетиме на нивниот квалитет, тогаш навистина сме биле продуктивни. Меѓутоа, доколку беспомошно се вртиме во круг, работиме од се по малку, но ништо не завршуваме, се создава комплетно поинаков ефект. Освен што ќе бидете исцрпени и фрустрирани, вашите работни обврски нема да се намалат, туку напротив, само ќе се натрупувааат и ќе создаваат уште похаотична ситуација.

Решавањето на повеќе задачи во еден момент оживеа во 1990-тите години, кога е направено истражување за работната ефикасност при што е донесен заклучок дека работниците се попродуктивни извршувајќи повеќе работи одеднаш. Меѓутоа, праксата подоцна покажа дека мултитаскингот е добар само во случај на обавување на рутински работи кои не бараат поголема концентрација и внимание. Она што се променило е тоа што сега постојат докази дека човекот кој работи две, три или пет комплексни работи одеднаш, не само што нема да биде продуктивен, туку постои шанса да биде и контрапродуктивен.

Со мултитаскингот можеби нема да научите нешто ново, но затоа можете да го увежбате сето она што веќе добро го познавате, да го скратите времето кое е потребно нешто да обавите и да се ослободите од сите оние ситници кои ви одземаат време извршувајќи и ги една по една. Ова би можело да биде исклучително корисна алтка со чија помош ќе го ослободите распоредот за сите оние големи и важни нешта кои бараат ваша целосна концентрација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП