28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа McDonald’s ништо не му помага, продажбата тоне

На McDonald’s ништо не му помага, продажбата тоне

McDonald's

Американскиот ланец на ресторани за брза храна „McDonald’s“ во мај забележа пад на продажбата поради слабите резултати во САД и на еден дел од странските пазари.

Најголемиот светски ланец на ресторани за брза храна соопшти дека минатиот месец продажбата во рестораните отворени најмалку 13 месеци е намалена за 0,3 проценти, што сепак, е подобар резултат во однос на падот од 1,1 проценти кои го прогнозираа аналитичарите.

Продажбата во САД опадна за 2,2 проценти, во однос на очекуваниот пад од 2,1 проценти, а во регионот Азија и Пацификот, Блискиот исток и Африка за 3,2 проценти во однос на прогнозираните пет проценти.

Светла точка за „McDonald’s“ беше Европа, каде продажбата порасна за 2,3 проценти, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите кои прогнозираа раст од 0,3 проценти.

Мајските податоци за продажбата се последните месечни податоци кои ги објавува компанијата, бидејќи според примерот на одредени компaнии, одлучи од сега да ги објавува само тримесечните резултати.

Во првиот квартал од 2015 година продажбата во рестораните на „McDonald’s“ е намалена за 2,3 проценти, а во април за 0,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП