19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHSBC скратува 25 илјади работни места

HSBC скратува 25 илјади работни места

hsbc bank 35

Британската банка „HSBC“ ќе ги намали трошоците за 5 милијарди долари во рок од две години, а за таа цел ќе скрати до 25 илјади работни места, соопшти банкарскиот гигант пред инвеститорите.

Во соопштението објавено преку берзата во Хонг Конг, „HSBC“ исто така, рече дека ќе смалуваат своите средства, подредени спрема ризикот, со околу 290 милијарди долари, вклучувајќи намалување кај меѓународното банкарство.

Истовремено банката одложи давањето на најнови информации дали и кога ќе го премести своето седиште од Велика Британија, пренесува „Telegraph“.

Во изјавата од „HSBC“ посочија дека имаат намера да ги продадат единиците во Турција и Бразил, иако ќе задржат дел од филијалата во јужноамериканската земја и ќе продолжат да работат со големи клиенти.

Излегувањето од пазарите во Бразил и Турција може да доведе до вишок на 25 илјади службеници, откри банката во својата изјава. Од 2011-та година, кога „HSBC“ започна со намалувањето на трошоците, доверителот се ослободи од околу 40 илјади луѓе од работната сила.

„HSBC“, која е најголемата европска банка, ќе се стреми кон поврат на капиталот од повеќе од 10 отсто до 2017-та година, што е намалување од претходната цел во опсег од 12 до 15 отсто во 2016-та година.

Во соопштението Стјуарт Гуливер, извршениот директор на „HSBC“, рече: „Ние признаваме дека светот е променет и ние треба да се смениме со него. Затоа поставени се десет стратешки активности кои дополнително ќе ја трансформираат нашата организација“.

Ова е втор обид на Гуливер во рамките на само четири години за сериозно реформирање на банката. Во минатата година „HSBC“ беше под притисок поради тврдењата дека неговата швајцарска гранка помагал на богатите клиенти да прикриваат даноци. 150-годишната финансиска институција се наоѓа и во процес на договори со обвинителството на САД во врска со обвинувањата дека помагала за перењето пари на нарко картели и клиенти од Иран.

Банката е основана во 1865-та година во Хонг Конг и во 1992-ра година по стекнувањето на британската „Midland Bank“ се пресели во Лондон. Заради ослабените услови во тоа време британската престолнина беше магнет за банките. По финансиската криза, сепак тоа се промени. „HSBC“ и „Standard Chartered“ дури се заканија со поместување на своите седишта. Ситуацијата се влоши и поради можното заминување на Велика Британија од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП