5 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива по суви коловози

Сообраќајот се одвива по суви коловози

avtopat152

Сообраќајот на сите патиштата низ Македонија се одвива по суви коловози.

Од АМСМ на возачите им препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП