2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГермански пошти стапија во неограничен штрајк

Германски пошти стапија во неограничен штрајк

Image (55)

Вработените во германски пошти во понеделник стапија во неограничен штрајк, барајќи намалување на работното време во рамки на социјалниот конфликт кој трае неколку недели.

„Сега мораме силно да го засилиме притисокот и да повикаме…на постепено стапување во неограничен штрајк од денес попладне“, објави влијателниот синдикат на поштенската служба Верди, изразувајќи жалење што управата на Дојче Пост досега ги „занемаруваше“ нивните барања и покрај шесткратните кругови на преговори.

Доставата на писма и пратки во неколку наврати беше пореметувана последните недели кога беа одржани таканаречените предупредувачки штрајкови.

Верди за 140.000 вработени бара намалување на неделното работно време од сегашните 38,5 часа на 36 часа со иста плата. Синдикатот се противи и на планот на управата дел од вработените да префрли во одделот за логистика и да им даде помалку поволни договори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП