6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата Leroy Merlin трета во светот

Компанијата Leroy Merlin трета во светот

leroj1

Француската компанијата „Leroy Merlin“ која е сопственик на ланецот маркети „Do it yourself“, го превзема европското водство во овој сектор од англиската компанија „Kingfisher“.

Во минатата година, „Leroy Merlin“, ги зголеми приходите од продажбата за 8,2 проценти, на 14,9 милијарди евра, освојувајќи го на тој начин лидерското место во Европа и третото место во светот, зад двете американски куќи „Louis“ и „Houm Dеpot“, пренесуваат француските медиуми.

Компанијата е достапна во 13 земји, таа 60 проценти од својот приход го остварува во странство, од кој најголемиот дел во Бразил и Русија.

Во Франција, минатата година, компанијата која има 121 продажни објекти, оствари зголемување на продажбата за 4 проценти, така што нејзините приходи достигнаа износ од 5,5 милијарди евра.

Компанијата нагласува дека нема да запре тука, туку дека ќе инвестира и во продажбата преку интернет, поттикната од фактот дека секој месец околу четири милиони луѓе ја посетуваат нејзината веб страница. Исто така, „Leroy Merlin“ планира да отвори и 15 нови продавници во Франција до 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП