21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФантастичен состав: Околу 30 олдтајмери на ŠKODA беа изложени на Concours d’Elégance’

Фантастичен состав: Околу 30 олдтајмери на ŠKODA беа изложени на Concours d’Elégance’

stari skoda nas

Со импресивна изложба ŠKODA на овогодинешниот „Concours d’Elégance’“ ја одбележува 120-годишнината на брендот.

ŠKODA на овој собир на олдтајмери се претстави со долга листа на стилски класични автомобили. Посетителите можеа да уживаат и одблиску да погледнат 30 класики на ŠKODA – од првиот велосипед “Славија” направен во 1895 година, преку првиот L & К автомобили од 1905 година до ŠKODA 130 RS тркачкиот автомобил од 1978 година. Секако посетителите имаа можност и одблиску да го погледнат и знаменосец на бренд новиот ŠKODA Superb.

stari skoda

Околу 80 олдтајмери направени од автомобилските компании од целиот свет учествуваа на ексклузивната парада на класични автомобил во „Лочен Шато“ во близина на Прага.

“ŠKODA е еден од производителите со најдолга историја во светот”, изјави Андреа Фрудлова, директор на Музејот на ŠKODA во Млада Болеслав и додаде: “Имаме 120-годишна традиција во производство на фасцинантни возила.

stari skoda2

Оваа година, Škoda Auto ја прославува својата годишнина. Брендот имаше доволно причини да испрати 30 икони на две и четири тркала на легендарниот митинг „Сoncours d’Elegance“. Повеќето од возила на Škoda, кои беа претставени во овој ексклузивен амбиент, и припаѓаат на богатата колекција на музејот ŠKODA. Десет од нив, всушност, беа вистинска атракција а истите имаат посебно значење за брендот од Млада Болеслав. Неколку други ŠKODA автомобили беа позајмени од приватни колекционери и Националниот музеј на технологијата.

Повеќе класики на ŠKODA беа претставени Лочен Шато од првиот велосипед направен под името на брендот “Славија”, преку легендарниот Laurin и Клемент (L & К), до шампионот од 1978 година ŠKODA 130 RS.  Сите возила подеднакво имаат големо значење за производителот од Чешка.

stari skoda3

Првиот L & К велосипед и неколку други L & К мотоцикли датираат од пионерските денови на компанијата. Гамата на автомобили започнува со легендарниот „Voiturette тип А” од 1905 година и други возила од L & К. Покрај горенаведените модели во Лочен Шато беа претставени и ŠKODA 645 од 1930 година, Skoda Superb 640 од 1935 година,  ŠKODA Popular Monte Carlo од 1937 година, популарното купе на ŠKODA ‘Little Entente’ од 1937 година, Skoda Superb 3000 OHV oд 1939 година,  ŠKODA Supersport 966 од 1950 година,  ŠKODA 440 Spartak од 1956 година,  ŠKODA 1100 OHC од 1957 година, како и на тркачкиот автомобил ŠKODA 130 RS направен во 1978 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП