4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата ќе поддржи 400 лица да започнат сопствен бизнис преку програмата за...

Владата ќе поддржи 400 лица да започнат сопствен бизнис преку програмата за самовработување

Image (53)

Вториот циклус од Програмата за Самовработување започнува во понеделник, со кој се планира да се поддржат 400 невработени лица, информираше во понеделник вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека денес зaпочнува вториот циклус од Програмата за Самовработување, се планира да се поддржат 400 невработени лица, кои имаат своја бизнис идеја и сакаат да формираат сопствен бизнис и ќе имаат шанса да добијат неповратни средства, грант во износ од 201.000,00 денари“, рече Пешевски.

За реализацијата на овој втор циклус од мерката грант за самовработување Владата обезбеди околу 84.000.000,00 денари, финансиски средства со кои ќе помогне создавањето на 400 мали компании, кои ќе влијаат на раздвижување на македонската економија и намалување на невработеноста на нашата држава.

Преку Програмата самовработување во периодот 2007-2014 година основани се вкупно 6,775 микро бизниси, односно со тоа се обезбедија 6885 нови вработувања досега, само преку оваа програма.

„Оваа мерка има и висок процент на успешност , преку 70% од основаните бизниси се уште се активни. Меѓу активните фирми има раст на бројот на вработени за 39%. За пример, во 15-те најуспешни фирми кои имаат од 10 – 32 вработени, вкупно се вработени 250 лица“, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП