13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТетово доби нов камион за собирање отпад трет за неполни две години...

Тетово доби нов камион за собирање отпад трет за неполни две години како донација од Пакомак

Image (52)

Компанијата „Пакомак“ продолжува со инвестиции низ земјава насочени кон подобрување на комуналната инфраструктура во Македонија. Деновиве на Општина Тетово ѝ беше дониран уште еден камион за собирање отпад, трет за неполни две години, како и донација во износ од 50 отсто за возило за метење улици.

Предходно во оваа општина беа донирани 40-ина контејнери и 100 дводелни канти за селективно собирање пластична амбалажа и друг комунален отпад. Со тоа се подобрува комуналната инфраструктура во градот и се придонесува кон подобра хигиена на улиците.

Донацијата во Тетово ја прими градоначалничката Теута Арифи која се заблагодари за поддршката од „Пакомак“ во справувањето со отпадот и изрази уверување дека со ваква партнерска соработка Тетово набрзо ќе биде град кој одржливо и ефикасно ќе го менаџира својот отпад, вклучувајќи го и отпадот од пакување.

Според Филип Ивановски, претставник на „Пакомак“, Тетово е еден од градовите кој по Скопје, генерира најмногу отпад, а со тоа и отпад од пакување. Истакна и дека „Пакомак“ во Тетово гледа сериозен партнер кој и самиот вложува во управување со сметот и отпадот од пакување.

„Досега дониравме вкупно три камиона, четириесетина контејнери и сто дводелни канти на општината, придонесувајќи Тетово да стане град со сите белези на модерен и урбан град. Очекуваме селектирањето на отпадот да стане навика на тетовчани, а за остварување на таа цел имаме поддршка од градоначалничката Теута Арифи која успешно се фати во костец со горливите проблем на Тетово и има развиено висока свест за екологијата“, рече Ивановски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП