12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинескиот трговски суфицит поголем од очекуваниот

Кинескиот трговски суфицит поголем од очекуваниот

101013439-China port.530x298

Кинескиот извоз во мај беше во пад помалку од предвиденото, додека увозот опадна повеќе отколку што очекуваа аналитичарите, па така надворешно-трговскиот суфицит бил поголем од прогнозираниот, покажуваат податоците на кинеската Царинска управа.

Трговскиот суфуцит во извештајниот период изнесувал 59,5 милијарди долари, додека аналитичарите во просек предвидуваа 44,95 милијарди, пренесува Ројтерс.

Вредноста на извозот во мај се намали за 2,5 проценти во однос на истиот месец во 2014 година, додека увозот е намален за дури 17,6 проценти. Економистите сметаа на стапка на пад од 5,0 и 10,7 проценти, се вели во соопштението на Царинската управа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП