5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNetflix се насочува кон уште три европски пазари

Netflix се насочува кон уште три европски пазари

netfix 000

Американската компанија за телевизиски стриминг „Netflix“ соопшти дека нејзината услуга ќе биде пуштена во Португалија, Италија и Шпанија во октомври оваа година, овозможувајќи им на корисниците на интернет од овие земји преку претплатите и да гледаат преку стриминг ТВ емисии и филмови, пренесува „CNet“.

Од компанијата открија дека ќе предложат верзии на оригиналните серии и филмови прилагодени на локалниот пазар. Се очекува каталогот понуден во европските земји, да се прошири, а содржината да биде адаптирана преку преводи на локалните јазици или преку сингронизација. Освен тоа насловите ќе бидат понудени во формати со висока резолуција – „Hi-Def“ и „Ultra HD 4K“.

„Netflix“ не ги објави цените на услугите за новите земји. Во другите нејзини европски пазари, вклучувајќи ги Германија, Австрија, Швајцарија, Франција, Белгија и Луксембург, услугата чини 7,99 евра месечно по првиот бесплатен тест месец.

Кога компанијата ќе ја започне официјално активноста во Португалија, Италија и Шпанија, таа ќе оперира во вкупно 50 земји, од кои 13 се европски. Целта на „Netflix“ е нејзината услуга да биде достапна во 200 земји до крајот на годината. Во моментот кога нејзин корисник патува во земји кои не се во листата на „Netflix“, како Кина, Тајланд или Виетнам, тој треба „VPN“ конекција, за да се добие пристап до платформата.

Акциите на „Netflix“ постојано ја зголемуваат својата цена. Во оваа година нивната цена се зголеми за 85%, а во петокот достигна 633,22 долари пред крајот на тргувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП