27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер: Излегувањето на Грција од еврозоната не е опција

Јункер: Излегувањето на Грција од еврозоната не е опција

zan-klod-junker555115

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави во неделата пред самитот на Г7 во Германија дека излегувањето на Грција од еврозоната не е опција, но предупреди дека тоа не значи дека тој може да „извлече зајак од шешир“ за да го спречи тоа.

Јункер ја обвини Атина дека не достави листа со алтернативни реформи, откако грчкиот премиер Алексис Ципрас во петокот изјави дека барањата на кредиторите се „апсурдни“.

“Алексис Ципрас, кој е мој пријател, вети дека до четврток навечер ќе достави друг, алтернативен предлог…Јас никогаш не сум го добил таквиот алтернативен предлог“, рече Јункер, пренесе АФП.

Тој изрази разочараност од Ципрас и рече дека Ципрас го смета за пријател, но дека „тој мора да почитува минумум правила за да останеме пријатели.

Јункер рече дека очекува преговори со Ципрас и останатите лидери од еврозоната на маргините на самитот на ЕУ и Латинска Америка, кој заполчнува во среда во Брисел.

На прашањето кога истекува последниот рок за постигнување на спогодба со Грција, на која забрзано и недоставуваат пари и можеби нема да може да ги врати долговите кои стигаат на наплата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП