28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВили Нелсон и Џастин Бибер во продолжението на комедијата ‘Zoolander’

Вили Нелсон и Џастин Бибер во продолжението на комедијата ‘Zoolander’

Image (47)

Американскиот кантри пејач Вили Нелсон и канадската поп ѕвезда Џастин Бибер ѝ се придружија на актерката екипа во продолжението на продолжението на комедијата од 2001 година „Zoolander“ на Бен Стилер, кое ќе стартува во кината во февруари следната година.

Осумдесет идвегодишниот Вили Нелсон ќе се појави во ткн камео ролја, а во интервјуто за порталот Access Hollywood, открива дека Овен Вилсон, кој во двата филма го толкува ликот на глупавиот манекен Хенсел Мекдоналд, лично го повикал да ја снимат сцената на една локација во Италија.

Актерот и ѕвездата на американската кантри музика се долгогодишни пријатели и соседи во Мауи на Хаваи, каде се дружат играјќи шах, покер и домино во клубот на Нелсон.

„Тој е дефинитивно број еден играч во домино“, рекол Вилсон минатото лето потсетува Rolling Stone, додавајќи дека единствениот пат кога го видел Нелсон лут било кога го прашал нешто во врска со правилата на играта. „Затоа што е такво проклетото правило“, викнал обично воздржаниот Нелсон.

Филмот „Zoolander 2“ во кината ќе се појави во февруари 2016-та. Покрај Стилер и Вилсон, улогите од првиот дел ќе ги репризираат и Вил Фарел и Бил Зејн. Во продолжението ќе се појават и Кристен Вик, Оливија Ман, Фред Армисен, Пенеплопе Круз и Џастин Бибер.

Засега не се знае дали тинејџерската поп ѕвезда ќе толкува некој лик или ќе има камео улога, односно кусо појавување, но на фотографиите на папараците од сетот во Рим може да се види Бибер како се обидува да побегне од голем кафез во една од сцените. Портпаролот на Нелсон за Rolling Stone Country потврдил дека музичката икона ќе се глуми самиот себе во продолжението на филмот.

Улогата во оваа комедија е само една во низата во долгата листа на овој Тексашанец, инаку активист за легализација на канабисот. Првиот филм на Нелсон е „Електричниот коњаник“(The Electric Horseman) од 1979 година, по што следат улогите во филмовите „Honeysuckle Rose“, „Barbarosa“, „Red Headed Stranger“, „Wag the Dog“ и „The Dukes of Hazzard“.

Нилсон, исто така, ќе глуми во најавениот фантастичен авантуристички филм „Waiting for the Miracle to Come“. Инаку меѓу шесте извршни продуценти на овој филм кој треба да се појави во кината кон крајот на годинава, е и култниот пејач на U2, Боно Викс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП