4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСе одржа детскиот фестивал Радика Фест 2015

Се одржа детскиот фестивал Радика Фест 2015

Image (44)

Шесттото издание на детскиот фестивал Радика Фест 2015 се одржа во петокот вечерта во Дебар. На фестивалот беа изведени 15 нови песнички за деца на автори од Дебар, Струга, Охрид и други градови од земјава.

Пред преполната сала на Центарот за култура, итерпретациите на децата добија бурни аплаузи.

Од стручното жири за најдобри ги прогласи интерпретаторите Ибраим Исаку, Сара Љубиновска и Аделина Керимоска. Додека за сценски настап: група Three gangsta (Емил,Бале,Ибро) и Алдина Билалоска.

Овој детски фестивал, кој го финансира Министерството за култура, но за негово одржување помагаат и локалните власти на Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше стартуваша како локален фестивал за да во последните три години прерасне во регионален.

На фестивалот беа доделени и награди за Директорот на фестивалот Зинче Мимидиноски, кој изјави дека на овој фестивал на детската песна за шест години се изведени над 120 песнички.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП