22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на индустриското производство во Шпанија

Раст на индустриското производство во Шпанија

shpanijaspanija544454

Индустриското производство во Шпанија во април според сезонски прилагодените податоци порасна за 1,8 проценти во однос на претходниот месец.

Априлскиот раст на индустриското производство на годишно ниво изнесувал 3,2 проценти, соопшти Заводот за статистика Ине.

Најголем раст бил забележан во производството на полупроизводи и тоа за 4,2 проценти, а потоа трајната потрошувачка стока 3,2 проценти.

Производството на потрошувачката стока имало раст од 0,4 проценти, а енергијата 0,2 проценти, пренесува АФП.

Шпанската индустрија погодена од кризата настаната со крахот на пазарот на недвижнини во 2008 година, започна да закрепнува и бележи раст од есента 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП