18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПокрената истрага против премиерот Понта за корупција

Покрената истрага против премиерот Понта за корупција

ponta22

Романската агенција за истражување на корупцијата денеска објави дека отвора истрага против премиерот Виктор Понта поради сомневања за перење пари, фалсификување, судир на интереси и избегнување плаќање даноци.

Романските медиуми објавија снимки како премиерот Виктор Понта влегува во канцелариите на агенцијата за справување со корупцијата утринава, и ја пренесуваат неговата изјава дека дошол како „обичен човек“ и дека „не дал никаква изјава“.

Романскиот претседател Клаус Јоханис го повика премиерот Понта да поднесе оставка, тврдејќи дека покренувањето на истрагата „неговата позиција не е одржлива“.

Понта во меѓувреме го отфрли повикот да поднесе оставка, велејќи дека не сторил ништо незаконски, и додаде дека само парламентот може да го смени од функцијата.

„Ја почитувам јавната функција на претседателот, но мене на позицијата премиер ме именуваше парламентот и само парламент може да ме смени“, рече Понта за телевизија.

Романската антикорупциската агенција DNA, изминатите месеци покрена низа апсења на функционери во земјата, една од најсиромашните и најмногу изложени на корупција меѓу членките на Европската унија.

Министерот за финансии во владата Понта поднесе во март оставка, по истрагата поради сомневање за корупција покрената против него.

Понта е поранешен државен обвинител, а на должноста стапи во 2012-та година, додека до крајот на парламентарните избори ќе се одржи до крајот на годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП