Заживувањето на економијата во Чешка и Словачка го поттикнува порастот на платите, кои и по децении по пристапувањето кон ЕУ, се далеку од нејзините стандарди.
Просечната чешка бруто месечна плата во првиот квартал од оваа година достигна, според соопштението на националниот завод за статистика, 904 евра по сегашен курс, додека во Словачка изнесува дури 839 eвра.
Реалниот раст на просечната заработка во Чешка во првиот квартл изнесуваше 2.1 отсто, иако аналитичарите врз основа на економските и макроекономските показатели очекуваа нешто поголем раст од околу 2.9 проценти.
„Чешката економија бележи најбрз раст во последните осум години, се намалува невработеноста, но заработката и натаму заостанува во овој позитивен тренд“, вели чешкиот економист, Јан Буреш.
Во соседна Словачка просечната бруто заработка достигна во првиот квартал 839 евра и со тоа најголеми беа платите во финансискиот сектор и осигурување – 1.713 eвра, а најмали во угостителството – 484 eвра и градежништвото – 577 eвра.