4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗавршен концерт на катедрата за балетска педагогија

Завршен концерт на катедрата за балетска педагогија

balet tanc24

Завршен концерт на катедрата за балетска педагогија, насока за современ танц, при Факултетот за музичка уметност, ќе се одржи на 7-ми јуни, во недела, со почеток во 20 часот, на малата сцена на МОБ, а влезот е бесплатен.

На програмата се дела од нашите реномирани кореографи и воедно професори Искра Шукарова и Игор Киров.

Катедрата за балетска педагогија, насока за современ танц при Факултетот за музичка уметност – Скопје, на 7-ми јуни ќе одржи завршен концерт на кој ќе учествуваат студентите од сите четири години. Концертот ќе се одржи на малата сцена на МОБ со почеток во 20 часот.

На програмата се дела од нашите реномирани кореографи и воедно професори Искра Шукарова и Игор Киров. После успешниот настап во Берлин со кореограф/ментор Шукарова, ќе земат учество и веќе дипломираните студенти Викторија Илиоска и Елена Ристеска со кратко дело.

Овој настан е одлична можност за промоција на активностите на катедрата, но и поттик сите заинтересирани за упис на оваа реномирана уметничка институција да се запознаат со активностите на класата по современ танц и да го проследат финалниот резултат од годишните едукативни програми.

Како наставници од основањето на катедрата за балетска педагогија при Факултетот за музичка уметност – Скопје, активно ги водат едукативните програми професорите од класичниот и современиот танц: раководителот на катедрата Тања Вујисиќ-Тодоровска, Александра Мијалкова, Снежана Филиповска, Соња Здравкова-Џепароска, Биљана Тануровска-Ќулавковски и Искра Шукарова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП