11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожност секој да се вклучи во првиот хакатон за климатските промени во...

Можност секој да се вклучи во првиот хакатон за климатските промени во Македонија

Image (40)

Сите заинтересирани граѓани имаат можност да се пријават на првиот хакатон за климатските промени во Македонија и да предложат нови идеи и модули за надградба на апликацијата ‘Патувај Зелено’ – www.skopjegreenroute.mk

Победничката идеја ќе биде наградена со 1.000 УСД, наградата за второ место ќе изнесува 750 УСД, а за трето 500 УСД.

Хакатонот ќе трае 48 часа и ќе се одржи во Ценарот за Социјални Иновации – во склоп на Факултетот за информатички и компјутерски технологии (ФИНКИ), почнувајќи од 17:00 часот на 26ти јуни 2015.

Натпреварот е отворен и за поединци и за тимови. Единствениот услов за пријавување е во секој тим да биде вклучен барем еден Андроид програмер.

По завршетокот на 48-часовен хакатон, 50% од гласовите ќе бидат доделени од експертско жири, додека другите 50% од гласовите ќе бидат доделени од јавноста, преку социјалните медиуми.

Победничките решенија ќе бидат целосно развиени и ќе станат дел од Патувај Зелено 2.0.

Сите заинтересирани можат да аплицираат на следниот линк: http://hackathon.socialinnovation.mk

‘Патувај Зелено’, за прв пат беше пуштена во употреба во 2014 год, и ги снабдува сите кои се во движење во Скопје со најпотребните информации за да ја испланираат најбрзата, најевтината и најзелената рута до посакуваната дестинација, благодарејќи на Google Transit алатката. Апликацијата исто така нуди корисни информации за автобуски постројки и места каде што можат да се изнајмат велосипеди.

Настанот е во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Град Скопје и ФИНКИ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП